СООПШТЕНИЈА и РЕАКЦИИ

Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата. Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Македонски Концепт: Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот во Македонија, криминалот и корумпираните политичари.

Ја поддржуваме соработка на Владата со стратешките партнери во борбата против тероризмот во Македонија, криминалот и корумпираните политичари. Во светло на неодамнешните настани, станува очигледно дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) се обидува да предизвика политички тензии и дестабилизација со цел да избегне одговорност за криминалните активности на нејзините членови. Овие постапки претставуваат обид за избегнување од правдата и манипулација…

Македонски Концепт со поддршка и повик до Владата за енергично справување со криминалните структури во судството и обвинителството

Ги повикуваме надлежните институции и Владата на Република Македонија на поинтензивен и одлучен пристап во разобличување и елиминација на заостанатите криминални структури во судството и обвинителството. Овие структури претставуваат сериозна закана за правдата, довербата на граѓаните и владеењето на правото. Потребно е итно преземање на конкретни чекори за реформа, транспарентност и враќање на интегритетот во овие витални институции. Единствено со…

Македонски Концепт ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент

Американскиот Стејт Департмент објави сериозни обвиненија за значителна корупција против поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Овие обвинувања ја разоткриваат длабоката злоупотреба на службената положба и институциите за лични интереси, со прифаќање мито за манипулација на судски процеси, што е недозволиво во правна држава. Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Бараме итна и силна реакција од државата

Бараме итна и силна реакција на државата, и за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава.  Ова не смее да остане без силен одговор од државата.…

Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет

Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување.

Македонски Концепт е против донесување на Закон за правична застрапеност

МК е против донесување на Закон за правична застапеност. Ние сме за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем,…

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи, со што дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ во очите на македонските граѓани. Себично е од бугарските политичари, за потребите на изборната кампања, со цел себе си да се претстават како „заштитници на бугаризмот“, да ја вмешуваат Македонија во истата. Уверуваме дека со тоа губат гласови…

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи, со што дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ во очите на македонските граѓани. Себично е од бугарските политичари, за потребите на изборната кампања, со цел себе си да се претстават како „заштитници на бугаризмот“, да ја вмешуваат Македонија во истата. Уверуваме дека со тоа губат гласови…

Македонски Концепт со три делегации им оддаде почит на Илинденците

Политичката партија Македонски Концепт по повод најзначајниот празник на Републиката, Илинден испрати три делегации кои поклонија свежо цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и пред споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев во Скопје. Делегациите беа предводени од Проф. д-р. Петар Богојески, претседател на МК, др. Весна Марковска, регионален координатор на МЖК за ИЕ5,…

Контакт

Бул. Партизански одреди 17/1-6 Центар,
Bul.Partizanski odredi  17/1-6 Center,
1000 Скопје / Skopje
Т: 02/305-2772
МобТ / Mob.Phone: +389 71 484-334

Е-пошта:

contact@mkoncept.mk

mkoncept.mk © 2026. All Rights Reserved.