Драги сограѓани, Во овие тешки денови, кога нашата земја се соочува со болката од трагедијата во Кочани, ве повикуваме да се обединиме во знак на солидарност и поддршка за жртвите и нивните семејства. На 25 март ( вторник ), на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Велс, кој започнува во 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ве повикуваме да…
Македонски Концепт изразува длабока загриженост поради одлуката на бугарската влада да го стопира проектот за железничко поврзување со Македонија, како дел од Коридорот 8. Според информациите, средствата наменети за оваа инфраструктура се пренасочени кон завршување на домашни железнички проекти. Овој потег претставува сериозен удар врз регионалната соработка и интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантските структури. Коридорот 8 е од стратешко…
Македонски Концепт најостро ја осудува скандалозната и антидемократска изјава на ДУИ дека „нема да дозволат“ одржување на локалните избори. Оваа закана е директен напад врз демократскиот поредок на Македонија и јасен показател за криминално-мафијашката природа на оваа партија која со години ја узурпира државата. Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт
Револтот на граѓаните е оправдан! Тие бараат правда, а ние мораме да ја испорачаме! Нема повеќе простор за одложување! Осудуваме секакво мешање на политичките партии во трагедијата на Фросина! СДСМ и Левица мора да престанат со непримерна злоупотреба на смртта на млада девојка за политички поени! Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт
Македонски Концепт изразува најостра осуда за иницијативата на Општина Тетово за преименување на веќе постоечки улици, особено во однос на можноста за доделување имиња на личности поврзани со фашистичкиот период или со конфликтот од 2001 година. Овој обид за историски ревизионизам е неприфатлив и претставува директен атак врз антифашистичките вредности, кои се темел на македонската државност. Враќањето на балистичката идеологија…
Последните податоци за „Македонија Пат“, презентирани во медиумите, повторно го отвораат прашањето за ефикасноста и одговорноста на јавните институции. Доделувањето три тендери од по 1,3 милиони евра за набавка на сол и ризла, додека недостасува механизација за одржување на патиштата, јасно укажува на системски недостатоци и неефикасност во функционирањето на јавниот сектор. Македонски Концепт цврсто се залага за целосна трансформација…
Македонски концепт најостро ја осудува неодговорната и провокативна изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет. Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат…
