Бараме итна и силна реакција на државата, и за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава.
Ова не смее да остане без силен одговор од државата. Вчерашните настани се терористичко загрозување на уставниот поредок и мора да се третираат согласно член 313 од КЗ, …”општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.
