Македонски концепт најостро ја осудува неодговорната и провокативна изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет.

Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.

Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа.

Македонски концепт останува посветен на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Со почит,

Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Powered By EmbedPress

Контакт

Бул. Партизански одреди 17/1-6 Центар,
Bul.Partizanski odredi  17/1-6 Center,
1000 Скопје / Skopje
Т: 02/305-2772
МобТ / Mob.Phone: +389 71 484-334

Е-пошта:

contact@mkoncept.mk

mkoncept.mk © 2026. All Rights Reserved.