Делегација на политичката партија Македонски Концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски Викиус, остварија средба со градоначалникот на Одеса, г-дин Генадиј Труханов и директорот на Одделот за култура, меѓународни односи и европска интеграција, г-дин Иван Липтуга, на македонска иницијатива, со цел да се дискутира за македонското културно-историско наследство во Украина и Одеса. Во фокус на разговорот беше спомен куќата во која живеел и творел македонскиот апостол и борец за македонската Кауза, Крсте Петков Мисирков.
Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт
