Политичката партија Македонски Концепт останува цврсто на својот став дека Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е еднострано раскинат од страна на Република Бугарија.

Согласно Став 13, Член 3 од Договорот, со донесувањето на Рамковната позиција во бугарското Собрание и нејзиното доставување преку официјален Меморандум до Република Македонија и сите земји членки на Европската Унија на 17.09.2020 година, Република Бугарија формално-правно го раскина Договорот.

Овој чин е спротивен на духот и содржината на Договорот и резултираше со уназадување на македонско-бугарските односи, создавање на непријателство наместо пријателство и блокирање на европската интеграција на Република Македонија.

Во тој правец, Македонски Концепт бара итно:

• Констатирање на престанокот на важноста на Договорот од страна на македонските институции;

• Прекин на работата на т.н. историска комисија;

• Прекин на важноста на Протоколите потпишани од Никола Димитров и Бујар Османи;

• Изготвување нова Преговарачка рамка со ЕУ.

Македонски Концепт останува посветен на отворање ново историско поглавје на вистинско пријателство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и на реална интеграција во Европската Унија, цврсто следејќи ги 6-те фундаментални вредности врз кои е формирана Европската Унија.

Со почит,

Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Контакт

Бул. Партизански одреди 17/1-6 Центар,
Bul.Partizanski odredi  17/1-6 Center,
1000 Скопје / Skopje
Т: 02/305-2772
МобТ / Mob.Phone: +389 71 484-334

Е-пошта:

contact@mkoncept.mk

mkoncept.mk © 2026. All Rights Reserved.