Драги сограѓани,
Во овие тешки денови, кога нашата земја се соочува со болката од трагедијата во Кочани, ве повикуваме да се обединиме во знак на солидарност и поддршка за жртвите и нивните семејства. На 25 март ( вторник ), на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Велс, кој започнува во 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ве повикуваме да присуствувате и заедно да испратиме порака на единство, хуманост и почит кон оние кои ги загубивме, како и кон оние кои се борат да ја надминат оваа катастрофа.
Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт
