СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
10 АВГУСТ 2023 ГОДИНА
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК – Победа во битката кај Радуша 2001 година
Почитувани македонски граѓани, партијата Македонски Концепт ви го честита големиот Ден кој треба да се запише со златни букви во македонската историја, ЧЕСТИТА ПОБЕДА ВО БИТКАТА КАЈ РАДУША!
На денешен ден, 10.08.2001 Македонија ги порази нелегитимната косовска армија кзк и терористите на учк во БИТКАТА КАЈ РАДУША, по што поразените не ги добија посакуваните територијални отстапки и беа приморани да молат за мир и амнестија и да го потпишат рамковниот Охридски договор!
Во оваа конечна победа на македонските вооружени сили врз терористите на учк и кзк, се заврши војната од 2001 година, се запази територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и се отвори патот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ, доколку добие доверба од македонските бранители и граѓани, овој СВЕТОЛ ДЕН, овој Нов Илинден, ќе го прогласи за НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК на македонската нација и ќе ги одликува Македонските Бранители од Радуша со највисоки државни почести!
Битката кај Радуша е најжестоката битка во целата војна 2001 година, која траеше повеќе од 20 часа и во која само 50 Македонски Бранители поразија повеќе од 1000 косовски окупатори и терористи на учк! Интервенираше и авијацијата на АРМ, по што косовската агресија врз суверена македонска територија беше целосно поразена!
Битката за Радуша е исто позната како битка за изворот на вода Рашче за Град Скопје, каде терористите се обидоа да го заземат и да започнат со масовно труење на цивилното население! Беа спречени стотици илјади цивилни жртви од албанскиот тероризам и косовска агресија!
Македонските Бранители успешно ги одбија сите напади на терористите и на косовската армија, не дозволија отцепување на наша територија, ги поразија и принудија на бегство и примирје! Загинаа стотина албански терористи и косовски окупатори, а ниту еден Македонски Бранител!
Благодарност до сите Херои кои застанаа во одбрана на Татковината, Илинденци – Асномци – Бранители, сите Маченици за Македонија!
Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт