Бараме ЕУ да не го повлекува „својот потпис“ од Преспанскиот договор, под притисок на Бугарија. Инсистирањето на т.н. „француски предлог“ е де факто и де јуре таков чекор на Унијата. Евентуално одлагање на почеток на преговори со Македонија, е дирекно суспендирање на Преспанскиот договор и тоа значи одлагање на неговата имплементација, што всушност е и главна цел на бугарската дипломатија.
Не ги рушете веќе изградените мостови за соработка помеѓу балканските држави, особено тие помеѓу Македонија и Грција. Доколку не започнеме преговори со ЕУ, согласно одредбите на самиот Преспански договор, ние ќе бидеме приморани да ја отфрлиме употребата на „северна“ за внатрешна употреба во земјава.
Изборот е едноставен, или ЕУ ќе го повлече „францускиот предлог“ исто како што во минатото ја повлече Лисабонската декларација или Македонија ќе ја супендира употребата на „северна“. На тоа сме обврзани, а ние сме сериозна држава која го почитува и спроведува Преспанскиот договор, буквално онака како што е договорено.
Повикуваме и ЕУ да покаже соодветна сериозност и одговорност кон обврските кои си ги има преземено како гарант на Преспанскиот договор.
Тим за комуникации на Македонски Концепт